Прескокни до содржината

Ако има повредени или непосредна опасност, прво повикајте итна помош.

Повикајте 112

По незгода, знајте го следниот чекор.

Изберете што ви се случило. Ќе најдете јасни насоки, што да подготвите и како да побарате бесплатна телефонска поддршка.

Како помага платформата

  1. 1

    Изберете ситуација

    Шест видови ситуации по незгода или штета.

  2. 2

    Видете ги чекорите и подгответе резиме

    Кратки насоки, неколку прашања и список што да подготвите.

  3. 3

    Побарајте поддршка, ако ви е потребна

    Бесплатна телефонска поддршка - доброволно.

Што ќе добиете

  • Релевантни насоки

    Чекори за вашата ситуација, не општи совети за сè.

  • Список за подготовка

    Кои документи и информации е добро да ги имате.

  • Сопствено резиме

    Го преземате на вашиот уред, без да оставате податоци.

  • Опционална телефонска поддршка

    Ако сакате да разговарате за вашата ситуација.

Зошто постои nezgoda.mk

По незгода, тешко е веднаш да знаете што следува. nezgoda.mk ги собира основните насоки на едно место, за полесно да ја разберете ситуацијата и да подготвите прашања. Платформата е општествено одговорна иницијатива на Адвокатско друштво Гаврилоски и Андреев.

Повеќе за платформата

Често поставувани прашања

За платформата

Дали платформата е бесплатна?

Да. Водичите, прашањата и резимето се бесплатни и достапни без регистрација. Бесплатна е и телефонската поддршка.

Дали мора да оставам податоци?

Не. Насоките и резимето ги користите без контакт-податоци. Име и телефон оставате само ако сами побарате поддршка.

Кој ги добива податоците ако побарам поддршка?

Адвокатско друштво Гаврилоски и Андреев, како контролор на личните податоци. Повеќе во Политиката за приватност.

Дали со барањето добивам адвокат?

Не. Читањето и испраќањето барање не воспоставуваат однос на застапување. Тој настанува само со потпишано полномошно и договор.

Дали треба да инсталирам нешто?

Не. Водичите, прашањата и резимето ги користите директно на веб-страницата, преку прелистувач на телефон или компјутер.

Правен консултант: Адвокатско друштво Гаврилоски и Андреев

1. Постапување непосредно по сообраќајна незгода

Што треба прво да направам доколку доживеам сообраќајна незгода?

Веднаш запрете го возилото, исклучете го моторот и вклучете ги сите четири показувачи на правец. Обезбедете го местото со поставување сигурносен триагольник и облечете рефлектирачки елек. Доколку има повредени лица, пружете прва помош и веднаш јавете на 112 или повикајте Итна медицинска помош (194) и Полиција (192).

Кога се пополнува Европски извештај, а кога е задолжителен полицииски увид?
  • Европски извештај за сообраќајна незгода: Се пополнува исклучиво кога настанала само мала материјална штета (возилата се во возна состојба и нема оштетување на витални делови за управување и сопирање) и кога нема повредени или загинати лица. Учесниците се должни да ги фотографираат возилата и местото, да го потпишат извештајот и да ги отстранат возилата од коловозот.
  • Полицииски увид: Полицијата задолжително врши увид кога има телесни повреди, смртни последици или поголема материјална штета, како и кога едно од возилата е нерегистрирано.
  • Исклучоци кај мала материјална штета: Полицијата е должна да изврши увид дури и при мала штета доколку тоа го бара еден од учесниците, особено ако другото возило е нерегистрирано, има странски табличи, еден од возачите е под дејство на алкохол/дрога, нема соодветна возачка дозвола, одбива да даде лични податоци или побегнал од местото на настанот.
Дали смеам да конзумирам алкохол или седативи по незгодата за смирување?

Не. Лицето кое учествувало во сообраќајна незгода не смее да конзумира алкохолни пијалоци, опојни дроги или лекови што влијаат врз способоста за возење сè додека не се заврши официјалниот полицииски увид и алкотестирањето. Прекршувањето повлекува парична санкција и може да го загрози правото на надомест од осигурувањето.

2. Надомест на штета и постапка пред осигурителните компании

Какви видови штета можам да побарувам?

Согласно Законот за облигационите односи, оштетеното лице има право на:

  1. Материјална штета: Реално намалување на имотот - оштетување или тотална штета на возилото, уништени предмети, трошоци за лекување, лекови, ортопедски помагала, туѓа нега и помош, како и испуштена корист/загубена заработка.
  2. Нематеријална штета: Парична сатисфакција за претрпени физички болки, страв, душевни болки поради намалена општа животна активност, нагрденост, како и душевни болки поради смрт или тежок инвалидитет на близок член на семејството.
Кој сè има право на надомест од осигурувањето од автомобилска одговорност?

Право на надомест има секоје лице оштетено во незгода (сопатници, пешаци, велосипедисти, возач на друго возило кое не е виновно за незгода). Право на надомест нема единствено возачот кој со своја исклучива вина ја предизвикал незгодата, како и лицата кои нелегално го присвоиле возилото.

Важно за сопатниците: Сопатниците во возилото на виновникот секогаш имаат право на целосен надомест на штета (материјална и нематеријална) од полисата за автомобилска одговорност на тоа возило.

Во кој рок осигурителната компанија мора да се произнесе по моето барање?

Осигурителната компанија на виновникот е должна во рок од 60 дена од приемот на уредното барање да достави образложена понуда за надомест на штета или образложен одговор со одбивање на барањето.

Што доколку осигурителната компанија понуди пренизок износ или го одбие барањето?

Оштетеното лице не е должно да ја прифати понудата доколку смета дека таа не ја покрива вистинската штета. Понудениот износ може да се наплати како неспорен дел, а за разликата до целосниот износ оштетениот може да покрене постапка за посредување (медијација) или директно да поднесе тужба пред надлежниот суд.

3. Специфични и сложени ситуации

Како се наплатува штета ако возилото што ја предизвикало незгодата е непознато (побегнало) или нерегистрирано?

Во ваков случај оштетеното лице не останува без заштита. Барањето за надомест на штета се поднесува до Гарантниот фонд при Националното бюро за осигурување (НБО) или преку кое било друштво за осигурување.

  • За незгода предизвикана од непознато возило, Гарантниот фонд исплаќа надомест за штета поради смрт или телесна повреда.
  • За незгода предизвикана од неосигурено возило, Гарантниот фонд исплаќа надомест и за материјална и за нематеријална штета.
Што ако незгодата ја предизвикало возило со странски регистарски табличи?

Штетата се наплатува преку Националното бюро за осигурување на РСМ или преку домашна осигурителна компанија која е овластен кореспондент на странското осигурително друштво, врз основа на меѓународната карта за осигурување (Зелен картон).

Кои се роковите за застареност за поднесување барање за надомест на штета?
  • Побарувањето за надомест на штета застарува во рок од три години од денот кога оштетениот дознал за штетата и за лицето кое ја причинило.
  • Секое побарување застарува најдоцна во објективен рок од пет години од настанувањето на штетата.
  • Доколку штетата е причинета со дејствие што претставува кривично дело за кое е предвиден подолг рок на застареност, барањето за надомест застарува кога ќе истече рокот за кривично гонење.

4. Правна помош и улогата на Адвокатското друштво Гаврилоски и Андреев

Зошто ми е потребен адвокат, а не агенција за поседување при штети?

Адвокатите се овластени правни застапници кои дејствуваат под законска одговорност и Кодекс на адвокатска етика. За разлика од комерцијалните посредници кои често прифаќаат ниски волнудски спогодби за брза наплата на провизија, Адвокатското друштво Гаврилоски и Андреев врши детална правна, сообраќајна и медицинска анализа со цел остварување на реалниот и максимален законски предвиден надомест, вклучувајќи законска затезна камата и трошоци на постапката пред суд.

Која документација треба да ја подготвам пред да ве контактирам?

За првична правна консултација преку платформата nezgoda.mk потребно е да ги приложите:

  1. Записникот за полициски увид или Европскиот извештај за сообраќајна незгода (доколку Записникот за полициски увид е во изработка, првично мислење и консултација може да се обезбеди и преку детално образложување на околностите под кои се случила незгодата);
  2. Податоци за полисите за осигурување на возилата, односно податоци за регистарски таблички на возилата;
  3. Комплетна медицинска документација (извештаи од специјалисти, отпусни писма, рендген снимки, докази за рехабилитација) - доколку има повредени лица;
  4. Фотографии од оштетеното возило и сметки за направени вонредни трошоци.
Како започнува постапката преку nezgoda.mk?

Со пополнување на онлајн формуларот на nezgoda.mk, вашиот случај директно се препраќа на стручен увид кај адвокатскиот тим на Гаврилоски и Андреев. По анализа на фактите и приложените докази, добивате прецизна правна насока за основаност на барањето и проценката на висината на надоместокот.

Во случај на прифаќање на понудата за правно застапување од страна на тимот на Адвокатското друштво Гаврилоски и Андреев, се закажува првичен состанок со цел потпишување на полномошно за застапување и Договор за правна помош.