За платформата
nezgoda.mk е општествено одговорна иницијатива на Адвокатско друштво Гаврилоски и Андреев, создадена за да им помогне на граѓаните на Македонија полесно да се снајдат по незгода или штета.
Кој ја води
Платформата е основана, администрирана и управувана од Адвокатско друштво Гаврилоски и Андреев Скопје, кое е и контролор на личните податоци.
Кому служи
На граѓаните по сообраќајна незгода, повреда на работа, штета при здравствен третман, штета на имот, повреда на јавно или приватно место и спор со осигурување.
Што е бесплатно
Водичите, прашањата, личното резиме и телефонската поддршка. Не е потребна регистрација.
Што платформата не е
- Не е правен совет за вашиот конкретен случај.
- Не утврдува дали имате право на надомест или колкав би бил.
- Не воспоставува однос на застапување со самото користење или со испраќање барање.